(Видео) „Кој знае – прави, кој не знае – брои“: Јакимовски објави кои проекти ќе беа готови за 100 дена
Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски објави видео на Фејсбук во кое вели дека доколку победел на локалните избори, немало да брои 100 дена, туку завршени проекти.
Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена.
„Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ветувања.
Спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“? На 8 март ќе сечевме лента.
Улиците Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ, Трифун Бузев – ќе беа завршени.
Канализациите во Бардовци и на Ловќенска ќе беа решени.
Потпорниот ѕид на Загребска ќе беше безбеден, а не тема за оправдувања.
Проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе беа готови, со распишани тендери.
Значи, не е прашањето во деновите. Прашањето е во посветеноста.
Кој знае – прави. Кој не знае – брои.
А денот се познава по утрото.
Како што почнаа овие 100 дена – така ќе изгледаат и следните 1.000. – вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Кој знае – прави, кој не…
Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски објави видео…
Си-Ен-Ен открива: Гувернер му нудел помош на…
Месеци пред апсењето во јули 2019 година,…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен…
Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој…
На косовско-српската граница приведен албански полициски инспектор…
Полициски инспектор од полициската станица Камза, со…