На косовско-српската граница приведен албански полициски инспектор со непријавени милион евра
Полициски инспектор од полициската станица Камза, со уште две други лица, се уапсени на преминот „Мердаре“ при влез од Србија во Косово, со непријавени милион евра.
– Дирекцијата за професионални стандарди во државната полиција веднаш го суспендираше инспекторот Аурел Казиу, откако косовската страна извести дека тој вчера бил уапсен заедно со уште две лица, откако се обидел да прошверцува еден милион евра непријавени, објави Дирекцијата.
Инспекторот Казиу и двајцата Косовци идентификувани како Етник Ахмаџокај и Ардит Ласка, се во притвор, а се осомничени за кривично дело „перење пари“.
Возилото тип комби, кое му припаѓало на Казиу било детално контролирано при што парите биле откриени во додаден простор на подот на возилото.
Според „Топ чанел“ косовските и албанските власти сè уште не се во можност да го утврдат потеклото на овие пари или нивната крајна дестинација, но се сомневаат дека тие припаѓаат на албанска криминална група, која избрала копнени патишта за да ги транспортира до Албанија и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наставник нападнал ученик во дебарско училиште
Наставник бил пријавен дека нападнал ученик во…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…
Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска…
Комисијата за прашања на изборите и именувањата…
Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…
По секојдневните пријави од жени за семејно…
Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…
Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…