(Видео) Муцунски: Нема да дозволиме една држава перманентно да ни го блокира патот кон ЕУ
Нема да дозволиме една држава перманентно да ни го блокира патот кон ЕУ, истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
26 земји членки на ЕУ сакаат напредок за нашата држава, сакаат да ги отвориме и завршиме преговорите, го гледаат овој регион како интегрален дел од ЕУ. Ние разговараме какви гаранции може да добие нашата држава дека нема да се соочиме со перманентни блокади од една земја членка. Ние го чувствуваме овој момент за придвижување на регионот, но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, да ги направиме таквите одлуки и повторно да не блокира една земја членка. Јавно видовте дека постои подготвеност да се изнајде решение, но решение кое обезбедува предвидливост и сигурност на нашиот пат и тој да биде еволуиран врз основа на мерит критериуми, а не на билатерални прашања, рече Муцунски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата заедно со неговиот литвански колега, Кестутис Будрис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Муцунски: Нема да дозволиме една држава…
Нема да дозволиме една држава перманентно да…
ДУИ: Државата нема направено ниту еден суштински…
Во рамките на серијалот „Две години понижување…
Џозеф: ЕУ не смее да врши притисок…
Европската Унија прави грешка доколку врши притисок…
ЕУ ја исплати првата транша од новиот…
Европската Унија ја исплати првата транша од…
Зајкова: Македонија и Бугарија немаат нормален добрососедски…
Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова…