Објавено на:

(Видео) Почина бебето кое со царски рез се роди откако нејзината мајка беше убиена во напад во Рафах

t

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако нејзината мајка, таткото и сестрата беа убиени во израелски напад во Рафах, во Појасот Газа, јави Би-Би-Си.

Сабрин ал Шакани е родена со царски рез во болница во Рафах, нешто по полноќ во неделата. Среде хаосот во болницата, лекарите го реанимирале бебето, користејќи рачна пумпа за да му внесат воздух во белите дробови. Но, таа не издржа, почина во четвртокот и беше погребана до нејзината мајка, по која и го доби името.

Според извештаите, вкупно 16 деца биле убиени во два воздушни напади во Рафах минатиот викенд, чија цел била станбениот комплекс во кој живееле.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека мета биле борците и инфраструктурата на Хамас.

Мајката на новороденчето била бремена во седмиот месец кога беше лансиран израелски воздушен напад врз семејниот дом, нешто пред полноќ во саботата додека таа, нејзиниот сопруг и нивната тригодишна ќерка спиеле.

Несреќната жена се здобила со тешки повреди, сопругот и ќерката и загинале, но бебето се уште било живо во нејзината утроба кога пристигнале спасувачките екипи. Така, таа итно била пренесена во болница, каде што лекарите направиле итен царски рез за да го породат детето. По раѓањето, тие го ставиле во инкубатор, опишувајќи ја состојбата како критична.

Девојчето тежело само 1,4 килограми кога се родило и имало сериозни тешкотии со дишењето поради нејзиното предвремено раѓање.

„Ова дете требаше да биде во утробата на неговата мајка во моментов, но тоа право му беше ускратено“, рече шефот на одделот за итни случаи на новороденчиња во болницата во Рахаф по нејзиното раѓање.

Бабата на бебето по мајка изјави за Би-Би-Си дека семејството планирало да го посвои детето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Англија: Мајка го оставила петмесечниот син во…

Една жена во Англија е уапсена под…

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Што е со луѓево?! Мајка избодена од…

76-годишна жена од село од Македонски Брод…