(Видео) Пресврт во случајот со бомбашкиот напад во Монако: Украинскиот разузнавач откри кој бил вистинскиот убиец
Украинскиот разузнавачки службеник Владислав Ројт, кој претходно призна дека ја убил жената осомничена дека го извршила бомбашкиот напад во Монако, го повлече своето признание и обвини друг за злосторството на почетокот на рочиштето во Киев, пренесува „Киевпост“.
Ројт, активен член на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, рече пред судот дека не ја убил Анастасија Березовска, украинска државјанка која беше барана со меѓународна потерница од властите на Монако во врска со експлозијата во која беа повредени украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, неговата љубовница и нивниот син, а која подоцна во околината на Киев беше пронајдена мртва со прострелна рана во главата.
Тој тврди дека за време на истрагата лажно го признал убиството бидејќи другиот обвинет, поранешниот полицаец Виталиј Жиковиќ, го принудил да ја преземе одговорноста за злосторството, кое, како што тврди, всушност го извршил Жиковиќ.
„Бев исплашен“, рекол Ројт пред судот.
Четири куршуми истрелани во Березовска
Двајцата беа уапсени под сомнение за вмешаност во убиството на Березовска, која беше барана од властите на Монако и Интерпол по експлозијата на 29 јуни.
Тој рекол дека неговиот познаник Жиковиќ го замолил да ѝ помогне да ја скрие Березовска, која штотуку се вратила во Украина, сè додека, како што му било кажано, не се решат проблемите со нејзините документи.
Меѓутоа, кога тројцата се сретнале, Жиковиќ, според тврдењата на Ројт, извадил пиштол и испукал четири куршуми во Березовска, објаснувајќи дека двајцата ќе бидат убиени ако таа остане жива.
Ројт изјави дека Жиковиќ потоа го пребарал телото на жртвата и одзел неколку предмети, вклучувајќи мобилни телефони, рачен часовник и патики, кои подоцна ги фрлил. После тоа, тврди тој, му наредил да ископа гроб во блиската шума.
Ројт вели дека послушал затоа што се плашел дека самиот ќе биде убиен.
Тој додаде дека Жиковиќ подоцна му наредил да ја преземе вината за убиството и му се заканил дека ако не го стори тоа, следните жртви ќе бидат неговите родители. Тој истакна дека е подготвен да соработува со истражителите и да се согласи на полиграфско испитување.
„Судот утврди дека двајцата мажи ќе останат во притвор без можност за ослободување со кауција до почетокот на судењето“, објави Обвинителството на Украина преку Телеграм.
Березовска беше пронајдена мртва во Украина откако истражителите ги пронајдоа банкарските трансакции и трансакциите со криптовалути што ги примила, а кои ги доведоа до двајцата осомничени. Потоа Ројт им го покажа на истражителите местото каде што е погребано телото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пресврт во случајот со бомбашкиот напад…
Украинскиот разузнавачки службеник Владислав Ројт, кој претходно призна…
(Видео) Британски осуденик им се скрил на…
Осудениот британски насилник Дин Форд се обидел…
Пријавено е труење со храна кај шестмина…
Пријавено е труење со храна кај шестмина…
Премиерот се сретна со шефот на Интерпол:…
Денеска остварив средба со генералниот секретар на…
Аеродром во Флорида премиенуван од „Палм Бич“…
Аеродромот Палм Бич преименуван во Меѓународен аеродром…