(Видео) Русија изврши еден од најсмртоносните напади досега: Најмалку 21 лице загинати, а десетици се повредени
Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина оваа година преку ноќ, при што загинаа најмалку 21 лице и беа повредени десетици други.
Украинските власти соопштија дека најмалку 44 лица се повредени, а спасувачите пребаруваат низ урнатините од страв дека луѓето може да бидат заробени.
Руските напади погодија станбени згради, железничка станица, магацини и други цивилни објекти.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 24 балистички и четири противбродски ракети, како и 115 дронови, за време на нападот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ракетите-пресретнувачи можеле да спасат животи.
„Доцнењата на партнерите во испораката на антибалистички ракетни системи доведуваат до ужасни жртви и уништување“, рече Зеленски.
Тој додаде дека сојузниците значително ги намалиле испораките на ракети за воздушна одбрана оваа година.
Русија тврди дека ги таргетирала воените логистички центри
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападнало логистички центри и центри за снабдување во и околу Киев.
„Овие центри беа користени за складирање и испорака на разни видови оружје и воена опрема, како и за производство и дистрибуција на беспилотни летала“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руски напади во текот на изминатите 24 часа се регистрирани и во регионите Запорожје, Донецк и Харков.
Русија ги засили нападите врз Киев во последните недели, додека Украина ги интензивираше нападите врз руската енергетска и логистичка инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија изврши еден од најсмртоносните напади…
Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз…
Дрон на аеродромот во Лајпциг носел експлозиви…
На аеродромот Лајпциг/Хале е пронајден сомнителен дрон.…
Четворица избодени со нож во Ковент Гарден…
Четири лица се повредени во напад со…
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со барање…
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана поднесе официјално…
Србинот кој ќе испаднеше од авион тужи…
Случајот со српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој…