(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел

t

Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска во центарот на Брисел, при што дошло до судир на демонстрантите со полицијата, а немирите делумно се поттикнати од протестите во соседна Франција.

Белгиските студенти објаснија дека протестираат поради зголемените трошоци за образование и реформи и дека стравуваат дека трошоците и реформите ќе го направат високото образование помалку достапно.

Многумина од демонстрантите носеле маски и извикувале антифашистички слогани. Очевидци изјавија дека полицијата употребила солзавец и водени топови, додека некои од демонстрантите превртеле автомобил.

Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтин во соопштението на платформата Икс наведе дека „тоа што се случува во Брисел веќе не е обичен протест“ и дека „ќе бидат искористени сите потребни средства за воспоставување ред и за соочување со демонстрантите“.

Демонстрации се одржаа и во Лиж, град на истокот од земјата. Претходно овој месец, студентите таму протестираа против состојбата на образовниот систем на француски јазик, наведувајќи ги зголемените трошоци за образование и тешкотиите во пристапот до наставни материјали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска…

Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…

Европската Унија подготвува измени во правилата за…

Сали за Инфомакс: Не бараме изговори ниту…

Министерот за европски прашања, Беким Сали, за…

Неколку загинати во пожар во зграда во…

Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар…

На Македонија ѝ е нанесена неправда –…

Македонското општество низ изминатите години носеше тешки,…