Објавено на:

(Видео) Татко, мајка и бебе загинаа на Халкидики: Цистерна уништи автомобил, преживеа само тригодишното дете

t

Татко, мајка и нивното бебе загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на регионалниот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, додека нивното тригодишно дете е тешко повредено и пренесено во болница.

Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 18:30 часот, кога дошло до судир меѓу цистерна и патничко возило во кое се наоѓало четиричлено семејство.

Во автомобилот патувале двајца родители со своите две малолетни деца. Според првичните информации, возилото било со странски регистарски таблички, а неофицијално се наведува дека станува збор за семејство од Молдавија.

По пријавата за несреќата, на местото веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош. Пожарникарите со специјална опрема започнале акција за извлекување на повредените од возилото.

Жената и бебето биле извлечени без знаци на живот. Таткото и тригодишното дете биле извлечени со тешки повреди и веднаш транспортирани во болница, но мажот им подлегнал на повредите.

Во спасувачката акција учествувале осум пожарникари со три противпожарни возила, а на терен биле и екипи на грчката итна медицинска помош (ЕКАБ).

Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, а надлежните органи започнале истрага за околностите под кои дошло до трагичниот судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Татко, мајка и бебе загинаа на…

Татко, мајка и нивното бебе загинаа во…

(Видео) Се урна зграда во Шпанија

Жителите на трикатна зграда во Валенсија за…

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе…

Пред нас е период на претежно облачно,…

Од Браќата Фрашери до Кадаре и Миѓени:…

Работната група за преименување на улиците во…

Францускиот парламент усвои закон за евтаназија

Францускиот парламент усвои закон со кој се…