(Видео) Тешка несреќа во Турција: се преврте туристички автобус, има загинати и повредени

t

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во автобуска несреќа што се случи утрово во Турција.

Според информациите од тамошните медиуми, туристички автобус од засега непознати причини се превртел и паднал во канал во Аксарај, Турција.

На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари.

Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени.

Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус се движел од Балукешир кон Кападокија.

„Во оваа сообраќајна несреќа за жал загинаа шест наши граѓани. Според првите информации имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага“, додаде Кумбузоглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тешка несреќа во Турција: се преврте…

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се…

Србија и Турција вчера потпишаа 11 договори…

Србија и Турција вчера потпишаа 11 различни…

Ердоган доаѓа во дводневна посета на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе…

Турски медиуми: Ердоган во Белград и Тирана…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го…

(Видео) Ердоган: По Либан и Газа, Изpаел…

По Либан и Газа, Израел може да…