(Видео) Ердоган: По Либан и Газа, Изpаел ќе ја нападне Турција

t

По Либан и Газа, Израел може да ја напaдне Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесоа турските медиуми.
Турскиот претседател го обвини Израел за „геноцид“ во Појасот Газа и рече дека последиците од неговите акции против Либан ќе бидат „целосно различни од претходните“.

– „Можам да ви кажам јасно, местото на кое ќе се насочи по Либан ќе биде нашата татковина, Нетанјаху ќе ја вклучи и Анадолија во неговите соништа. Ги повикувам оние кои велат дека Турција треба да биде неутрална и оние кои велат дека Xамас е теpоpистичка организација. Она со што се соочуваме не е држава, туку стадо yбијци кои се хранат со кpв. Соочени сме со окупациска мрежа која има намера да го запали целиот регион. Никој со трошка совест не може да молчи пред ваквата масакрска мрежа. Тие што молчат, како ќе гледате утре во лицата на вашите деца? Агресијата на Израел ја вклучува и Турција. Ќе застанеме против оваа агресија со сите средства што ги имаме, за нашата татковина и нашата независност. Без оглед на цената, Турција ќе застане против Израел и ќе го покани светот на овој почесен став. Турција ќе направи се за да воспостави хуманитарен фронт. Г-дин Махмуд Абас ви се обрати и вам и на светот од оваа говорница. Ги напаѓа и Иран, Јемен и Сирија. Овој парламент е парламентот што е надеж не само на Турција, туку и на угнетените народи во светот. Додека околу нас неконтролирано расте чудовиште и веднаш до нас се прекројуваат граници, нашиот Парламент ќе биде водилка со достоинство, здрав разум и компромис“ – рече Ердоган во говорот кој можете да го слушнете во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху

Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…