Виткоф и Кушер на средба со Нетанјаху: Втора фаза од прекинот на огнот во Газа
Високите американски претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим доцна синоќа и ја повикаа неговата влада да премине на втората фаза од прекинот на огнот во Газа. Детали од разговорите не беа откриени, но американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, им рече на новинарите дека претставниците тесно соработувале со Нетанјаху за враќањето на телото на последниот заложник во Газа и за следните чекори за демилитаризација на територијата, објави „Вашингтон пост“.
Најголемиот сигнал за почеток на втората фаза би бил отворањето на граничниот премин Рафах помеѓу Газа и Египет. Али Шат, лидерот на идната техничка влада во Газа, која ќе ги води секојдневните работи, изјави во четврток дека преминот ќе биде отворен во двата правци следната недела. Израел не го потврди извештајот, но рече дека ќе го разгледа прашањето.
Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, повика на итно отворање на преминот Рафа во телефонски разговор со директорот на новоформираниот Комитет за мир во Газа. Абделати разговараше по телефон со бугарскиот дипломат Николај Младенов, висок претставник за Газа, за спроведување на втората фаза од прекинот на огнот, вклучително и распоредување на меѓународни набљудувачи, отворање на преминот Рафа во двата правци и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи. Абделати нагласи дека спроведувањето на втората фаза е клучна точка за започнување на обновата на Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виткоф и Кушер на средба со Нетанјаху:…
Високите американски претставници Стив Виткоф и Џаред…
Трамп ја покани косовската претседателка Османи во…
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е…
Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот…
Путин поканет да се приклучи во „Одборот…
Рускиот претседател Владимир Путин доби покана да…
Израел постхумно ќе го одликува Чарли Кирк
Израел постхумно ќе го одликува активистот Чарли…