ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?
Денес политичката иронија го достигна врвот, велат од ВЛЕН.
„Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик.
Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети?
Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање?
Повеќе од две децении ДУИ ги манипулираше Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти продолжија да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација дури и во најосновните професионални процеси.
На албанските студенти не им требаат фотографии и политички театар. Ним им требаат конкретни решенија, кои ДУИ не ги обезбеди 22 години по ред.
ВЛЕН оценува дека времето на политички манипулации со националните прашања заврши. Албанците заслужуваат одговорност, а не политичко лицемерие.
Со ВЛЕН, правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик“, стои во соопштението од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…
Денес политичката иронија го достигна врвот, велат…
ДУИ: Недим Рама, десната рака на Меџити…
ДУИ соопшти дека продолжуваат да го откриваат…
ДУИ бара истрага за непријавениот имот на…
Од денеска, ДУИ го отвора прашањето за…
Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен…
Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија…
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…