Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од затвор вечерва итно пренесен на операција

t

Стевчо Јакимовски вечерва итно е пренесен од затворот „Скопје“ во болница, каде што е земен на итна операција поради влошување на неговата здравствена состојба дознава 24инфо.

Јакимовски, кој во моментов издржува затворска казна, претходно поминал три недели на болничко лекување.

Само нешто повеќе од една недела по неговото враќање во затворската установа, вечерва повторно била потребна итна медицинска интервенција. Тој бил транспортиран во болница, каде што лекарите одлучиле дека е неопходен итен оперативен зафат.

Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за причините за итната операција и понатамошниот тек на лекувањето.

Јакимовски во јавноста претходно не криеше дека се соочува со сериозни здравствени проблеми. Тој јавно говореше дека има карцином на белите дробови и на мочниот меур, како и дека редовно прима онколошки третмани.

Неговата повторна итна хоспитализација доаѓа само неколку дена по тринеделниот престој во болница.

Повеќе информации за неговата здравствена состојба и исходот од оперативниот зафат се очекуваат дополнително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од…

Стевчо Јакимовски вечерва итно е пренесен од…

УХМР предупредува на високи температури: Доаѓа портокалова…

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево објави портокалов…

Мицкоски: Предизвикот со западнонилската треска не е…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека годинава…

Koj профитира на најмалите: „УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА“ ПОД…

Околу 600 продажни места низ Македонија се…