Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромскот, влашкото и египќанското малцинство

t

Во салата на Советот на Округот Корча, денеска се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница.

За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.

Настанот го водеше Здравко Нечофски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници.

Како што пренесува весникот „Македониум“, во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив.

– Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме – изјави Стерјовски.

Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции.

Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој.

Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество.

На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча, Лирика Појани, костимограф, Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец, Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“, Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“, Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“, Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства.

Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од нашите предци и зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците.

На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина.

Македонското друштво „Сонце“ изразува благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност.

На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на…

Во салата на Советот на Округот Корча,…

Трамп вети пет илјади долари за секој…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети…

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…