Објавено на:

Војната со Иран му донесе на Вашингтон сметка од 38 милијарди долари

t

Војната на САД против Иран досега го чинела американското Министерство за одбрана повеќе од 38 милијарди долари, а трошоците може да растат за уште две до три милијарди долари месечно доколку продолжат борбените операции со сегашен интензитет.

Проценката е на непартиската Конгресна буџетска канцеларија на САД – CBO, која ги анализирала директните воени трошоци до 1 август. Најголем дел од сумата се однесува на употребената муниција, загубената воена опрема, дополнителните часови на летање и горивото.

Само за употребена муниција се проценуваат околу 21,7 милијарди долари, додека околу 10,4 милијарди се поврзани со дополнителните летачки операции. Загубената опрема е проценета на околу 1,9 милијарди долари, а трошоците за авионско гориво на 2,7 милијарди.

Сметката, сепак, може да биде значително поголема. Во проценката не се вклучени трошоците за целосна обнова на американските воени бази на Блискиот Исток оштетени во иранските напади, ниту долгорочните трошоци за повредените војници, здравствената заштита на ветераните и други последици од конфликтот.

CBO предупредува и дека конфликтот веќе има пошироки економски последици. Нарушувањата во снабдувањето со енергенси преку Ормускиот Теснец и Црвеното Море ги зголемиле цените на енергијата, а според проекцијата, инфлацијата во САД на почетокот на 2027 година би можела да биде околу 0,5 процентни поени повисока отколку што се очекувало пред војната.

Дополнителен проблем е трошењето на американските резерви на ракети и пресретнувачи. Според проценката на CBO, САД можеби веќе употребиле меѓу половина и две третини од одредени категории противракетни пресретнувачи од јуни 2025 година наваму, а нивното обновување би можело да трае најмалку пет години.

Пентагон досега јавно ги отфрлаше тврдењата дека американската војска се соочува со недостиг од муниција, но извештајот на генералниот инспектор на Министерството за одбрана констатира „стратешки недостатоци во резервите“ и проблеми во производството на ново вооружување.

Проценката од 38 милијарди долари е блиска до претходната изјава на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој во јули пред Конгресот наведе сума од околу 37,5 милијарди долари. CBO нагласува дека пресметката носи одредена неизвесност бидејќи Министерството за одбрана не одговорило на неговите барања за детални податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната со Иран му донесе на Вашингтон…

Војната на САД против Иран досега го…

Нафтата „Брент“ надмина 108 долари, европскиот гас…

Цените на енергенсите на европските и светските…

МЕРЦ ПОДНЕСУВА ОСТАВКА?!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе ја напушти…

Специјалниот суд: Не е докажано постоење на…

Специјализираниот суд во Хаг утврдил дека не…

Кризата со горивото добива нова димензија: Редици,…

Глобалниот енергетски пазар повторно се најде под…