Вучиќ најави дека би можел да штрајкува со глад и да им забрани на лекарите да му пружат помош
Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави можен штрајк со глад како начин на борба против новата влада и дека, доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно одлучен во намерата.
„Нема да земам терапија, нема да земам ништо, прашање е кога ќе штрајкувам со глад. Откако ќе почнам, нема враќање назад. Бидејќи ќе им забранам на лекарите да ми даваат каква било помош. Ќе бидам целосно одлучен, но тоа ќе биде мојата борба против нив“, изјави Вучиќ за ТВ Информер, кој го објави тоа на својата веб-страница утрово.
Вучиќ рече дека нема начин да го замолчат или политички да победат.
Тој истакна дека е особено вознемирен од она што му се случи на сопственикот и главен уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, наведувајќи дека нема причина зошто би можел да биде уапсен.
„Знам дека немаат за што да ме апсат, никогаш не сум земал пари, никогаш не сум земал дневница, ништо“, изјави Вучиќ.
Во гостувањето полно со обвинувања и навреди, Вучиќ тврдеше дека политичките противници ќе се обидат да го убијат или уапсат и откри дека ги предупредил членовите на неговото семејство да се подготват за најлошото.
Тој повторно ја обвини Хрватска за учество во организирање на „обоена револуција“ и за управување со Србија, а зборуваше и за воени репарации од Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најави дека би можел да штрајкува…
Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар…
Ова е кандидатот за претседател на државата…
Студентските пленуми во Србија го поддржале академик…
Велковски: Нема укинување на средствата во вториот…
Министерот за социјална политика, демографија и млади…
ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Трамп: Побарав од Путин да ја прекине…
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…