Вучиќ најави фабрика за дронови во Србија, ќе ја отвори во септември
Србија во септември треба да добие нова фабрика за производство на дронови, која ќе биде реализирана во соработка со израелски партнери, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ соопшти дека фабриката би требало да биде отворена околу 15 или 20 септември, но не откри каде ќе се наоѓа, колкав ќе биде нејзиниот производствен капацитет, какви дронови ќе се произведуваат ниту колкава ќе биде вредноста на инвестицијата.
Најавата ја даде по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, одговарајќи на прашање за можноста за воена соработка меѓу Србија и Украина.
„Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, изјави Вучиќ, додавајќи дека со Зеленски не разговарале за воена соработка во моментов, но дека тоа би можело да биде тема по завршувањето на војната.
За време на посетата на Зеленски на Србија беше потпишан и меморандум за соработка во областа на здравјето на животните и безбедноста на храната меѓу српското Министерство за земјоделство и украинската Државна служба за безбедност на храната и заштита на потрошувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали би се пријавиле: Италија бара доброволци…
За многумина, престојот во италијанските Алпи е…
Француската амбасада во Конго во центар на…
Видео од француската амбасада во Конго, кое…
Кривична за полицаец кој удрил лице во…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерџановски: Со владиниот авион во Скопје транспортиран…
Пациент од Скопје кој се здобил со…
Иран има шест услови за САД за…
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…