Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

t

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе тврдење дека загинувањето на претседателот Борис Трајковски во авионската несреќа во 2004 година не било несреќен случај, туку атентат.

„На Борис Трајковски му извршија атентат“, рече Гоцевски за 4ТВ, посочувајќи дека случајот, според него, треба да се разгледува во контекст на политичките и безбедносните кризи во Македонија во 1999 и 2001 година.

Тој смета дека постојат повеќе околности кои, како што вели, отвораат сомнеж за можната поврзаност на несреќата со настаните од тој период.

Гоцевски посочи и на прашања поврзани со истрагата за падот на авионот со кој патуваше Трајковски. Според него, во случајот биле ангажирани странски навигатори и офицери, но нивната понатамошна улога во истрагата, како што тврди, не била доволно разјаснета.

„Има многу работи што останаа и ние како држава не успеавме да се наметнеме да се расчистат, битно и за нивните семејства, битно и за нас како држава“, изјави тој.

Гоцевски смета дека во Македонија постојат и други случаи на загинати лица и нерасчистени настани кои, според него, не добиле доволно внимание од институциите.

Во тој контекст, тој се осврна и на историски случаи на политичко насилство и атентати врз македонски дејци во периодот меѓу двете светски војни, за кои, како што посочи, постојат истражувања и објавени материјали во Бугарија.

Според Гоцевски, македонските институции треба посериозно да пристапат кон истражување на ваквите случаи.

„Мислам дека три и пол децении се добар период“ за расчистување на ваквите прашања, заклучи Гоцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…

Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…

Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…

Трамп направи исклучок: САД повторно издаваат иселенички…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи…

Норовирус во Словенија? Над 460 ученици отсуствуваат…

Словенечките здравствени власти испитуваат што предизвикало масовни…