Гроси: Казахстан е подготвен да ги преземе иранските залихи на ураниум
Казахстан најави дека е подготвен да ги преземе иранските залихи на ураниум збогатен до ниво потребно за производство на оружје, доколку САД постигнат договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран, рече за „Фајненшл тајмс“ директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Казахстан изрази отвореност за складирање на залихите кога претседателот на таа земја Касим-Жомарт Токаев се сретна со Гроси во Астана оваа недела, рече Гроси во денеска објавено интервју.
Во Казахстан се наоѓа банка на ниско збогатен ураниум под меѓународна контрола за да се осигурат залихите на гориво за електраните во земјите-членки на МААЕ и да се спречи ширењето на нуклеарно оружје.
Објектот за складирање е отворен во 2017 година во соработка со МААЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гроси: Казахстан е подготвен да ги преземе…
Казахстан најави дека е подготвен да ги…
Кривична пријава за инспекторка од Куманово –…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58),…
Путин: Ќе спроведеме објективна истрага доколку добиеме…
Рускиот претседател Владимир Путин се осврна на…
Катерина Ацевска е прва во светот во…
Македонскиот спорт доби уште една голема меѓународна…
Западен Балкан поблиску до ЕУ-без членство, туку…
Предлогот на германскиот канцелар Мерц е на…