Грција ќе ги штити своите F-35 со штит од дронови
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита на своите идни ловци F-35 преку набавка на беспилотни борбени авиони, кои ќе дејствуваат заедно со авионите од петта генерација и во одбранбени и во офанзивни операции, објави „Катимерини“.
Долгорочната стратегија предвидува интегрирање на F-35 со т.н. заеднички борбени летала (Collaborative Combat Aircraft – CCA), познати и како „лојални придружници“. Беспилотните авиони треба да ги прошират оперативните способности на военовоздушните сили и да обезбедат заштитен штит за скапите борбени авиони како F-35.
Грција разговара за можна нарачка со две компании. Еден од моделите што се разгледуваат е MQ-28 Ghost Bat на „Боинг“, развиен за Кралските австралиски военовоздушни сили и веќе тестиран во Пацифичкиот регион.
Другата можност е X-BAT, кој го развива Shield AI и се очекува да биде готов во 2028 или 2029 година.
Според планот, 20-те ловци F-35, кои треба да влезат во вооружувањето од 2029 година, ќе дејствуваат како воздушни командни центри. Секој од нив ќе може да управува со пет или шест беспилотни борбени авиони.
Дроновите ќе служат како одбранбени средства кои, доколку е потребно, можат да бидат жртвувани за да ги заштитат пилотираните ловци. Тие, исто така, ќе носат ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“.
Планирањето ги надминува рамките на грчката програма за одбранбени набавки за периодот 2025–2036 година и ја опфаќа стратегијата на земјата до 2045 година.
Во меѓувреме, напредува преуредувањето на военовоздушната база „Андравида“ за прием на F-35. Се очекува првиот ловец да пристигне во есента 2029 година, а вредноста на проектот за модернизирање на базата е намалена на 290 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…