Десет активни пожари низ Македонија и два под контрола, изгаснат е огнот кај Теарце
На ден 23.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 10 се активни, 2 се под контрола, а 1 пожар е изгаснат.
Активни пожари – 10:
Општина Делчево – м.в. Бигла (борова шума).
Општина Прилеп – с. Бонче (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Општина Прилеп – с. Лопатица (ниска вегетација).
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково (мешана шума).
Општина Студеничани – с. Цветово – стариот пат кон Елово (ниска вегетација и ниска шума).
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума).
Општина Желино – с. Церово (ниска вегетација и папрат – непристапен терен).
Општина Липково – с. Ропалце (ниска вегетација).
Пожари под контрола – 2:
Општина Врапчиште – с. Ломница и с. Ѓурѓевиште (мешана шума).
Општина Маврово и Ростуше – с. Церово (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Изгаснат пожар – 1:
Општина Теарце – с. Сљатине (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десет активни пожари низ Македонија и два…
На ден 23.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Со пиштол ограбена обложувалница на Бит-пазар
Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на…
Собранието плаќа мамографии за пратеничките на приватно,…
Пратеничките и дел од вработените во државните…
Левица го прифаќа предизвикот на Мицкоски за…
Левица прифаќа, подготвена е и повикува на…
Голем пожар од Србија се ближи кон…
Голем пожар што беснее на српска територија…