Димитар Богески е нов директор на Државниот архив на Македонија

t

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова.

Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период.

-Архивот како институција зазема значајно место во нашата држава. Тој е чувар на историјата и идентитетот на Република Македонија, обезбедувајќи континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината. Ова е првпат по долги години на чело на една ваква престижна позиција да дојде човек кој е од редовите на вработените – со 19 години работен стаж, кој ги поминал сите скалила во институцијата. Тоа искуство е од непроценливо значење и ќе помогне во надминувањето на сите предизвици со кои се соочуваат вработените и корисниците на услугите на Архивот, се посочува во објавата на Фејсбук на Државниот архив на Македонија.

Целта на новиот директор, како што посочуваат, е Архивот да биде отворен кон сите, да се слушнат различни идеи и решенија со цел подобра и поефикасна работа.

-Пред сè, тој е тука за вработените, кои се столбот на институцијата и чија посветеност е клучна за нејзиниот развој. Директорот Богески верува во заедничка и посветена работа, чија цел е Архивот да се издигне на повисоко ниво – како современа институција која ќе обезбеди дигитализација, поголема достапност на документите, зајакнување на научната и образовната улога, како и промоција на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност. Државниот архив останува институција која ја гарантира меморијата на државата и ја гради довербата на граѓаните. Со нова енергија и визија, тој ќе продолжи да биде темел на знаењето и мост кон иднината, соопштуваат од Државниот архив на Македонија.

Претходната директорка на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова на 14 ноември беше разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци.

Таа во изјава за медиуми нагласи дека поводот поради кој е разрешена е едно нејзино интервју во месец август со кое изнесува критички став за македонските иселеници во Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на М-НАВ Хамиди тврди дека огласот…

- Гледам дека проблематични, условно речено „демек“…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Кој ќе биде нов директор на АНБ?

Кој ќе биде нов директор на АНБ?…

Да плачеш или да се смееш: Директор…

Дамир Шкугор, довчерашниот директор во Секторот за…

Директор натепал вработена во фирма во Ѓорче…

Вчера околу 11.00 часот во Полициска станица…