Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во водата, ќе имавме над 50 илјади пациенти
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев напиша статус на неговиот Фејсбук-профил по шпекулациите дека водата во Скопје имала бактерија.
-Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli.
Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти.
Тоа ќе значи голем проблем за државата и можен колапс на здравствениот систем.
МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје.
Без милост, без селективност.
Господ напомош!, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во…
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при…
„Филипче на одмор на јахтата на Заев,…
„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми…
Македонија со скок од 29 позиции на…
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс…
ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како…
И оваа година, по повод 25-годишнината од…
Македонија со скок од 29 позиции на…
Македонија направи значителен напредок во областа на…