ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

t

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

-Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење. Толку е долга листата на корумпираните функционери на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и токму на овие што денес се удираат в гради со „албанството“ им стави печат на корупција. Колку и да е болна, ова е наследството на нивното владеење. Сопот, Енциклопедијата, „Скопје 2014“, „Монструм“, „Дива Населба“, масовното прислушување, малиот Алмир, „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, „Отворен Балкан“, модуларната болница, казината и игрите на среќа, бегствата од правдата, помошта за бегството на Никола Груевски, спасувањето на Сашо Мијалков преку Артан Груби и Енвер Беџети, како и многу други кражби и манипулации, велат ВРЕДИ.

Додаваат дека ова е нивната вистина, која не можат да ја сокријат ниту со документарци, ниту со видео-пораки, ниту со скапо платени панели.

-Охридскиот договор им припаѓа на Албанците. Тој не е тапија на Али Ахмети, ниту семејно наследство на фотељашите од ДУИ, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…