Дрога пронајдена кај војник на АРМ во Идризово
До редакцијата на Инфомакс пристигна информација дека кај војник кој бил на должност во затворот Идризово била пронајдена дрога. Од АРМ ја потврдија оваа информација и додадоа дека акцијата била на иницијатива на АРМ.
– Во врска со вашето прашање ве информираме дека на иницијатива и акција од страна на Армијата кај припадник на Армијата е пронајдена материја со сомнителна содржина.
Согласно нашите процедури случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода, а по извршен разговор следниот ден е пуштен. По целосно комплетирање на случајот против припадникот на Армијата ќе биде поднесен соодветен поднесок, објаснија од АРМ.
Оттаму нагласија дека секој е должен да ги почитува законите.
– Напоменуваме дека секој припадник на Армијата, како и секој граѓанин, е должен да ги почитува законите на државата. Во случај на нивно прекршување, следува соодветна одговорност согласно законските прописи и интерните акти.
Преку ова активност Армијата демонстрира решителност за спречување на внесување, употреба и ширење на опојни средства забранети со закон. Дополнително заедно со останатите надлежни институции се вклучуваме кон заедничката борба во спречување на ваквите појави.
Армијата е институција изградена врз принципите на професионалност, дисциплина и интегритет и нема место за лица кои со своето однесување го нарушуваат угледот на институцијата и ја дискредитираат со лични постапки. Секое несовесно и недолично однесување ќе биде санкционирано согласно важечките правила и процедури, велат од АРМ за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрога пронајдена кај војник на АРМ во…
До редакцијата на Инфомакс пристигна информација дека…
Армијата ќе објави конкурс за 300 нови…
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс…
Пронајдена марихуана во затворот Идризово
На 14.02.2026 во 09:00 часот во СВР…
Војниците во Армијата членка на НАТО ќе…
Иако фатија шуга во касарната во Велес,…
Лафчиски: Армијата е целосно подготвена да ја…
Во Домот на Армијата во Скопје денеска…