ДУИ: Поскапе меѓуградскиот превоз, најпогодени студентите и вработените

t

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот превоз, оценувајќи дека поскапувањето претставува дополнителен удар врз студентите и вработените кои секојдневно патуваат меѓу градовите.

Од ДУИ како пример ја посочуваат релацијата Тетово–Скопје, каде што, според партијата, билетот поскапел од 200 на 250 денари, односно за 25 проценти.

Според нивните пресметки, месечните трошоци за превоз на граѓаните кои секојдневно патуваат се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари.

„Дали ова е политиката на ‘грижа за граѓанинот’ што ја нуди власта?“, прашуваат од ДУИ.

Партијата бара надлежните институции да ги објаснат причините за поскапувањето и да преземат мерки за заштита на студентите, вработените и другите граѓани кои зависат од меѓуградскиот превоз.

Од ДУИ оценуваат дека наместо подостапен јавен превоз, граѓаните се соочуваат со дополнително зголемување на секојдневните трошоци.

„Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта“, порачаа од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Поскапе меѓуградскиот превоз, најпогодени студентите и…

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето…

Осми починат од западнонилска треска

Западнонилската треска ја зеде осмата жртва —…

Лавров: Oбвинувањата за вмешаност на РУСИЈА во…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Влада: Акцијата против осомничениот за поткуп е…

По информацијата дека е уапсен шоферот на…

Како успеал да стане од маса: Лишено…

На 6 септември 2026 година, во 00:30…