ЕСМ конечно е во добивка од 449 милиони денари: Позитивен пресврт во работењето во првите шест месеци од 2026 година

t

АД ЕСМ ја заврши првата половина од 2026 година со добивка пред оданочување од 449 милиони денари, што претставува значаен финансиски пресврт во споредба со претходните две години, кога компанијата во истиот период бележеше милијардни загуби. Според финансискиот извештај за периодот јануари – јуни 2026 година, објавен на официјалната веб-страница на компанијата, остварените резултати ги потврдуваат ефектите од процесите на консолидација, реструктурирање и зголемување на домашното производство.

Во првите шест месеци од годинава, ЕСМ остварил вкупни приходи од 11,89 милијарди денари, додека вкупните расходи изнесувале 11,44 милијарди денари. За споредба, во истиот период лани компанијата имала приходи од 10,49 милијарди денари и расходи од 15,24 милијарди денари, со загуба од 4,75 милијарди денари. Во 2024 година, приходите изнесувале 11,52 милијарди денари, расходите 15,57 милијарди денари, а загубата 4,05 милијарди денари.

Позитивниот резултат во 2026 година, според ЕСМ, е последица на подобрената ефикасност во работните процеси, ископот на јаглен и производството на електрична енергија. Со преземените мерки се намалени трошоците за ископ на примарното гориво и потрошувачката на мазут, што директно влијаело врз намалувањето на вкупната производна цена на електричната енергија. Паралелно, вложени се напори за зајакнување на електроенергетскиот систем и обезбедување поголема доверливост на производството.

Значително зголемување е забележано и кај приходите од продажба на електрична енергија и од нудење системски услуги. Заедно со подобрувањето на ефикасноста и намалувањето на непродуктивните трошоци, овие резултати придонеле ЕСМ да оствари ЕБИТДА од 1,65 милијарди денари во првата половина од годината.

Финансиското закрепнување се одвива паралелно со редовното сервисирање на кредитните обврски. Во периодот јануари – јуни 2026 година компанијата исплатила 1,39 милијарди денари по основ на кредити, а до крајот на годината треба да отплати уште 1,72 милијарди денари. Од ЕСМ наведуваат дека имаат обезбедено средства за навремено подмирување на сите кредитни обврски.

Намалувањето на производната цена на електричната енергија, според компанијата, овозможува ЕСМ да функционира под просечните цени на регионалните берзи, вклучително и HUPX. На тој начин, домашното производство придонесува за ублажување на можните ценовни шокови и заштита на домаќинствата и малите бизниси од нестабилноста на енергетските пазари.

Финансиските резултати како основа за нов инвестициски циклус

Позитивните финансиски резултати треба да послужат и за забрзување на енергетската транзиција, развој на обновливите извори на енергија и подготовка на проекти за замена на јагленот како примарно гориво.

Според извештајот, на последниот состанок на Комитетот за јавни инвестиции, покрај шесте капитални проекти што веќе се во тек, биле потврдени и одобрени уште седум нови инвестициски проекти, додека девет се во процес на одобрување. Вкупно 22 проекти треба да придонесат за стабилно и доверливо производство на електрична енергија од домашни извори во сопственост на ЕСМ.

Стратешката цел е на среден и долг рок да се зајакне домашниот енергетски капацитет и да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност на државата, со амбиција Македонија во иднина да стане нето-извозник на електрична енергија.

Резултатите од првите шест месеци на 2026 година означуваат значаен пресврт во финансиското работење на ЕСМ: од загуби од повеќе милијарди денари во претходните две години до позитивен резултат, со намалени трошоци, подобрена ефикасност и најавен инвестициски циклус насочен кон посигурно и поодржливо домашно производство на електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ конечно е во добивка од 449…

АД ЕСМ ја заврши првата половина од…

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за…

Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите…

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…

ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за…

ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за…

ЕСМ ќе се жали на одлуката на…

АД ЕСМ сè уште не го доби…