Естонија ја продолжува воената служба на 12 месеци
Естонската влада планира да го продолжи воениот рок на 12 месеци за сите регрути од 2027 година, според нацрт-законот поднесен од естонскиот министер за одбрана Хано Певкур за разгледување.
Певкур истакна дека обемот и техничката сложеност на обуката се зголемени, како и воведувањето на современи системи за оружје, што го прави неопходно воениот рок да трае 12 месеци за да може да се исполнат воените задачи во секое време, во мирно и воено време. Досега, обуката за регрути во Естонија траеше осум или 11 месеци, во зависност од специјалноста, објави естонскиот портал err.ee.
Директните трошоци за продолжување на воениот рок се проценуваат на 31 милион евра во 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија ја продолжува воената служба на 12…
Естонската влада планира да го продолжи воениот…
Големи воени вежби на НАТО почнаа во…
Вежбата „Freezing Winds 25“ ќе се одржи…
НАТО утре ќе се состане на барање…
Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на…
Естонскиот министер за одбрана: НАТО е подготвен…
Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур синоќа…
Москва демантира: Руски авиони не го нарушиле…
Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата…