Естонскиот министер за одбрана: НАТО е подготвен да употреби сила доколку е потребно
Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур синоќа изјави дека одговорот на Естонија и НАТО на руската провокација во петокот покажа дека воздушната одбрана на НАТО функционира ефикасно и дека постои подготвеност, доколку е потребно, да се употреби сила.
„Во петокот видовме дека НАТО функционира многу ефикасно и ефективно, дури до тој степен што ако навистина бевме принудени да го употребиме последното средство, што е сила, тогаш имаше подготвеност за тоа. Ние сме способни да го браниме естонскиот воздушен простор заедно со нашите сојузници“, изјави Певкур за естонскиот јавен радиодифузен сервис ERR.
Тој оцени дека целта на руските провокации е да го принудат Западот „да си ја гледа својата работа додека Русија се справува со Украина“.
„И кога ќе почнеме да зборуваме за тоа дали треба да распоредиме повеќе борбени авиони или системи за воздушна одбрана, токму тоа го сака Русија – да го одвлече нашето внимание од помагањето на Украина и да се фокусира на сопствениот двор“, рече естонскиот министер.
Во петокот, три руски борбени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор во близина на островот Ваиндло 12 минути. Инцидентот се случи откако 21 руски дрон влегоа во полскиот воздушен простор во ноќта меѓу 9 и 10 септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…