Големи воени вежби на НАТО почнаа во Балтикот
Вежбата „Freezing Winds 25“ ќе се одржи во територијалните води на Финска и Естонија во Балтичкото Море, објави прес-службата на финското Министерство за одбрана.
„Главната воена вежба на оваа есен, „Freezing Winds 25“, предводена од морнарицата, ќе се одржи во јужна Финска, во Архипелашкото Море и на устието на Финскиот Залив од 24 ноември до 4 декември 2025 година… За време на вежбата, војниците и бродовите ќе ги користат и територијалните води на Естонија“, се вели во соопштението.
Во вежбата ќе учествуваат 20 воени бродови и помошни бродови од сојузниците на Финска во НАТО – Белгија, Данска, Германија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, САД, Франција и Естонија, како и постојаната група на НАТО за деминирање SNMCMG1, додаде министерството. Вкупниот број на учесници ќе биде околу 5.000 војници.
„Темата на вежбата вклучува обезбедување на безбедноста на поморските комуникации и критичната инфраструктура, борбени операции и операции за одвраќање на инвазијата во архипелагот и на брегот, како и заеднички операции на морнарицата и крајбрежните сили“, соопшти финското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…