Објавено на:

ЕУ подготвува построги визни правила за руските граѓани

t

Европската комисија ги финализира плановите за дополнително заострување на визните правила за руските граѓани кои патуваат во Европската Унија, а новите ограничувања би можеле да ги опфатат и поранешните руски борци од војната во Украина, објави „Политико“.

Според европски претставници, Комисијата треба да претстави пакет предлози во јануари 2027 година, со цел да се засили заштитата на ЕУ од хибридни закани, вклучително саботажи и напади врз критичната инфраструктура.

Иницијативата ја предводат Шведска, Полска и Естонија, а темата треба да се разгледува и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Овие земји предупредуваат дека туристичките визи би можеле да бидат злоупотребени за разузнавачки активности и други безбедносни операции.

Посебно внимание се посветува на поранешните борци од Украина. Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахна предупреди дека дел од нив би можеле да пристигнат во Европа со поддршка од руските разузнавачки служби.

Според податоците што ги објави „Политико“, минатата година на руски државјани им биле издадени околу 478.000 туристички шенгенски визи, додека вкупниот број издадени шенгенски визи за Руси изнесувал околу 620.000.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, бројот на издадени визи за руски државјани значително се намали – од повеќе од четири милиони во 2019 година на околу 500.000 во 2023 година.

Европската комисија веќе ги заостри правилата за руските државјани што живеат во Русија, а дополнителните мерки би можеле да вклучат ограничување на туристичките визи, забрана за визи за поранешни борци и построги правила за движењето на руските дипломати во Шенген-зоната.

Сепак, визната политика во голем дел останува во надлежност на земјите-членки, поради што Европската комисија во одредени сегменти може да издава препораки, додека конечните одлуки ги носат националните власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ подготвува построги визни правила за руските…

Европската комисија ги финализира плановите за дополнително…

Ријад под закана: Бин Салман во обезбедувани…

Сè пожестокиот конфликт со Хутите во Јемен…

Шведски државјанин ограбен од малолетници во Градски…

Дваесет и седумгодишен државјанин на Шведска пријавил…

Чери-домати со салмонела стигнале во Хрватска и…

Италијански чери-домати од серијата L2852003641/21E005701, кај кои…

(Видео) Двајца пилоти загинаа во пад на…

Мал воен авион за обука на пакистанската…