За еден ден приведени 15 возачи – возеле без дозвола, под забрана и под дејство на алкохол
Петнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата, поради управување моторни возила без возачка дозвола, со изречена активна забрана или под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од приведените, четворица се во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола, кои управувале возила без положен возачки испит. Во Битола, малолетник кој претходно со возило удрил во пешак, останал без возилото кое му било одземено. Во Гостивар, пак, одземен е мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Патничките возила им биле одземени и на останатите возачи кои биле фатени без возачка дозвола.
Во Гостивар и Кавадарци биле приведени по еден возач кои управувале возило и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од категоријата Б. И од нив се одземени возилата.
Дополнително, по еден возач во Македонска Каменица, во гевгелискиот регион, во Струмица и во Македонски Брод управувале возила под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и во Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.
Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За еден ден приведени 15 возачи –…
Петнаесет возачи биле лишени од слобода во…
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина,…
Сообраќајот во центарот на Атина повторно е…
(Видео): Младата Македонка, Паулина, која живее во…
По повод една година од трагедијата во…
Малолетник без возачка прегазил пешак во Битола
Седумнаесетгодишник од Битола е лишен од слобода…
Маж ја удирал со тупаници и шлаканици…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…