„За тие пари ќе си одиме на море“: Кампот „Љубаништа“ ги објави цените за лето
Во Фејсбук групата „Камп Љубаништа“ беше споделена објава со новите цени за претстојното лето 2026 година. Оние кои што преферираат ваков тип на одмори, веднаш изреагираа дека цените се превисоки за домашните услови.
Според ценовникот, за наем на бунгалов за четири до шест лица со големина од 48 метри квадратни, за еден ден во периодот од средината на јули до средината на септември (11.07- 10.09.2026) изнесува 8.600 денари. Истиот бунгалов, за 2 дена чини 7.300 а за три и повеќе денови 6.700.

Објавата предизвика низа коментари на револтирани граѓани кои истакнаа дека цената е нереална и дека за тие пари ќе си одат на море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„За тие пари ќе си одиме на…
Во Фејсбук групата „Камп Љубаништа“ беше споделена…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
38 деца се повредени откако гром удрил…
Најмалку 38 деца итно се префрлени во…
Египет гради втор камп за раселените Палестинци
Египет гради втор камп за раселените Палестинци…
Фото: Кампот “Вагнер” подготвен, се чекаат платениците
Фотографии на кои наводно е прикажан воен…