Загина возач во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

t

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Македонски Брод.

Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с. Преглово, кичевско.

Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с. Преглово, кичевско и А.А.(21) од с. Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина возач во сообраќајка на патот Кичево…

Едно лице загина, а тројца се повредени…

Пронајден починат 39-годишен струмичанец во дворот на…

Тело на 39-годишник од Струмица е пронајдено…

Штипјанец украл паричник од вработена на Клиничкиот…

Штипјанец вчера украл паричник и други предмети…

Се скарале па вперил пиштол кон луѓе…

На 29.08.2026 во 16:55 часот полициски службеници…

Србин е приведен на Табановце откако возел…

Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е…