Загина човек од Ченто, неговиот трактор се придвижил на бензинска пумпа и го прегазил
67-годишен жител на скопската населба Ченто загинал вчера кога, на бензинска пумпа во населбата, неговиот трактор, кој бил паркиран, се придвижил и го прегазил со задното тркало, соопшти МВР.
„На 12.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил. Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа на СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина човек од Ченто, неговиот трактор се…
67-годишен жител на скопската населба Ченто загинал…
(Видео) Kaде и да копаш ќе најдеш…
Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска…
Хрватска се закани со блокада на европскиот…
Граничниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора…
Мицкоски повика да не се наседнува на…
„Да не се наседнува на провокации кои…
(Видео) Полицајците добиваат боди-камери со вештачка интелигенција…
Сите полициски службеници кои работат на терен…