Заканата за бомба на летот за Белград дошла од 75-годишен дедо: Полицијата го апсеше во авионот
Патниците на летот на „Ер Србија“ од Сплит кон Белград биле евакуирани од авионот откако 75-годишен патник изјавил дека во леталото има бомба и додал дека не се шегува, пренесува Dnevnik.hr.
Инцидентот се случил непосредно пред полетувањето на авионот, кое било закажано за 15:20 часот.
Еден од патниците, Винко Паиќ, раскажал дека авионот веќе бил на пистата кога во кабината ненадејно влегле неколку полицајци.
„Седевме на пистата кога ненадејно во авионот влезе полиција – некои во униформи, други во цивилна облека. Низ прозорецот видов полициско возило до авионот. Тие изведоа еден постар господин со седа коса, кој седеше во третиот или четвртиот ред“, изјави Паиќ.
Во прв момент патниците не знаеле што се случува, а на прашањето зошто човекот е изведен од авионот, член на екипажот кратко одговорил:
„Тој го спомена зборот ‘бомба’.“
Неколку патници, исплашени од ситуацијата, почнале да го напуштаат авионот, а околу 15:40 часот пилотот преку разгласот ги известил сите дека мора да излезат поради безбедносна проверка.
Полицијата во Сплит подоцна потврдила дека е приведен 75-годишен патник. Според полициското соопштение, околу 15:25 часот тој му рекол на екипажот дека во авионот има бомба, притоа нагласувајќи дека не се шегува.
„Авионот е евакуиран и ќе биде подложен на уште еден преглед пред полетувањето, а патниците и багажот исто така повторно ќе бидат проверени“, соопштила Полициската управа Сплит-Далмација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заканата за бомба на летот за Белград…
Патниците на летот на „Ер Србија“ од…
Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“…
Во десет училишта во Кавадарци се произведени…
Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…
Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…