Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, побара формирање на две нови општини, Голо Брдо и Гора

t

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора.

-Ова барање претставува сериозен чекор кон институционално признавање на реалните потреби на населението во овие подрачја и гарантирање на нивните уставно загарантирани права, вели претседателката Елена Симонофски.

Поконкретно, додава таа, со иницијативата се бара создавање на Општина Голо Брдо и Општина Гора, правично претставување на заедниците, подобар пристап до јавни услуги и рамномерен локален развој.

-Ова не е само административно прашање – ова е прашање на еднаквост, достоинство и идентитет.
Голо Брдо и Гора со децении се соочуваат со институционална запоставеност, слаб пристап до услуги и недоволно локално претставување, нагласува таа.

Според неа, а тоа стои и во барањето формирањето на општини значи “глас за народот, развој за регионот и почитување на европските стандарди”.

-Време е институциите во Албанија да покажат дека принципите на еднаквост и недискриминација важат за сите. Време е Голо Брдо и Гора да го добијат она што одамна го заслужуваат. Ова барање не е политичка формалност – ова е историска можност за исправување на долгогодишна неправда, посочува Симонофски.

Во Албанија во подготовка е нов закон за територијална поделба. До 2017 година, кога беше донесен последниот закон, имаше 373 општини, по што нивниот број беше намален на 61 Општина. Единствена македонска општина остана Пустец. Општините во Голо Брдо и Гора, населени со Македонци, беа укинати и како административни единици припаѓаат кон некоја од поблиските општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, побара формирање на…

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, поднесе официјално барање до…

Марта Кос ја отфрли идејата на Вучиќ…

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека…

Албанија се позиционира како логистички НАТО центар преку…

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер,…

Албанската полиција разби криминална мрежа за набавување…

Полицијата во Дибра, Албанија, започна истрага откако…

Хоџа со Шекеринска: Албанија во континуирана координација…

Албанија продолжува со интензивна координација со НАТО…