Хоџа со Шекеринска: Албанија во континуирана координација со НАТО за организацијата на самитот во Тирана
Албанија продолжува со интензивна координација со НАТО во рамки на подготовките за организацијата на самитот на Алијансата, кој треба да се одржи во главниот град Тирана, пишува Албаниан пост.
Министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, одржа работен состанок со заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, на кој се разговараше за стратешката соработка и подготовките за следниот самит на Алијансата, кој се очекува да се одржи во Тирана.
Преку објава на социјалните мрежи, Хоџа го опиша состанокот како продуктивен, нагласувајќи дека Албанија останува целосно усогласена со приоритетите на НАТО и посветена на зајакнување на својот придонес во Алијансата. Според него, дискусиите ја вклучиле посветеноста на Албанија на евроатлантската безбедност, поддршката за Украина и безбедносната состојба во Западен Балкан
Надлежните власти нагласуваат дека станува збор за сложен процес кој бара тесна соработка со партнерите од НАТО, како и координација на институционално, логистичко и безбедносно ниво. Подготовките опфаќаат повеќе сегменти, вклучително и инфраструктура, безбедносни протоколи и организациски аспекти поврзани со приемот на високите делегации.
Во изјавите на официјалните претставници се истакнува дека Албанија паралелно работи и на модернизација на своите вооружени сили, како и на зголемување на буџетските издвојувања за одбрана, во согласност со стандардите и обврските кон Алијансата.
Организацијата на самитот се смета за значаен настан за земјата, кој ја потврдува нејзината улога во рамки на НАТО и го зацврстува нејзиниот меѓународен позиционирање. Воедно, се очекува настанот да биде можност Албанија да ги демонстрира своите капацитети за организирање на големи меѓународни собири.
Според најавите, подготовките ќе продолжат во наредниот период во тесна соработка со структурите на НАТО, со цел да се обезбеди успешно и безбедно одржување на самитот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Foreign policy: Блискиот Исток се обидува да…
Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…
Албанија и Германија потпишаа договори за финансирање…
Албанија и Германија потпишаа три договори за…