Објавено на:

Албанската полиција разби криминална мрежа за набавување бугарски пасоши

t

Полицијата во Дибра, Албанија, започна истрага откако добила информации дека криминална мрежа фалсификувала документи за да им се обезбедат бугарски пасоши на луѓе кои лажно се прикажуваат како жители на административната единица Острен, објави „Балкан веб“.

Истражувањето, проследено со посебни истражни методи, траело околу еден месец со цел разбивање на групата.

Како резултат на преземените активности, полицијата, под раководство на Обвинителството во Дибра, успешно ја реализирала полициската операција со кодно име „Идентитет“. При тоа, на излез од граничниот премин Блато бил приведен 49-годишниот Е.Т. од Софија, Бугарија.

При претрес на возилото што го управувал, полицајците пронашле 21 сомнителен фалсификуван документ за 21 различен човек, со намера тие да се искористат за добивање бугарски пасоши.

Воедно, до Обвинителството биле поднесени материјали и била поведена кривична постапка против 53-годишниот Н.С. од селото Острен, администратор на административната единица Острен, општина Булќиза, и поранешниот администратор на истата административна единица, 62-годишниот Б.М. од селото Лејча.

Тие се сомничат дека, додека ја извршувале својата должност, постапувале спротивно на законот, издавајќи и фалсификувајќи документи за граѓански статус за различни луѓе, со цел тие да добијат бугарски пасоши.

Истрагата продолжува со цел целосно расчистување и документирање на случајот, како и идентификација и кривична одговорност на други инволвирани. Материјалите се доставени до Основниот суд со општа надлежност во Дибра за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…