Зеленски го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракетите „Патриот“ што сојузниците веќе ги платиле
Во текот на минатата недела, Русија ја нападна Украина со околу 2.700 дронови, со речиси 1.460 наведувани воздушни бомби и 165 ракети од различни видови, а на нападите биле изложени 20 региони во земјата, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој предупреди дека руските сили сè повеќе напаѓаат енергетска и друга клучна инфраструктура, па поради оштетување на електроенергетскиот систем, многу жители остануваат без електрична енергија, вода и греење.
Украинскиот претседател предупреди дека имаат недостиг од ракети за американските системи за воздушна одбрана „Патриот“, кои се клучни за пресретнување на руските балистички ракети.
Тој го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракетите „Патриот“ што веќе ги платија сојузниците на Украина како дел од програмата на НАТО. Таа програма им овозможува на европските и другите партнери да финансираат купување американско оружје за Украина.
На крајот на октомври, Зеленски изјави дека во текот на 2026 година, Украина ќе добива просечно само 12 ракети за системите „Патриот“ месечно од САД. Тој смета дека таквите количини се недоволни за одбрана од сè почести напади.
Според него, некои европски земји се подготвени да ѝ дадат на Украина дополнителни ракети од сопствените залихи. Сепак, бидејќи станува збор за американско оружје, трансферот бара одобрение од Вашингтон.
Кон средината на октомври, украинскиот претседател предупреди дека американската администрација ги одложува одобренијата за испораки. На крајот на месецот, тој рече дека одредени пратки чекаат одлука од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски го повика Вашингтон да ја одобри…
Во текот на минатата недела, Русија ја…
Тотален колапс: Луѓето со куфери имаат уште…
Луѓе со куфери, ранци и пластични кеси…
Ед Милибанд не ја исклучува можноста Велика…
Враќањето на Велика Британија во Европската Унија…
„Сејф сити“ во потрага по убиецот кај…
Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај…
Кривична за татко: Се обидел да го…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…