Зеленски: Има напредок во преговорите за распоредување на европски воен контингент во Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека има „опиплив напредок“ во преговорите за распоредување безбедносен контингент на европските партнери во Украина .
„Вложуваме напори за безбедност во Украина и сигурни безбедносни гаранции. Има опиплив напредок и првите детали за тоа како може да се распореди безбедносниот контингент на партнери. Благодарен сум на сите земји кои ни помагаат во тоа, како и на Велика Британија и Франција за нивното лидерство.
Токму ваквата заедничка работа, кога сите имаат заедничка цел за постигнување силен резултат, помага да се доближиме до сигурен и траен мир во Украина“, рече Зеленски по средбата со началниците на Генералштабот на Велика Британија и Франција, пренесува украински Интерфакс.
Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров го нарече состанокот „стратешки важен“ со учество на началниците на Генералштабот на Украина, Франција и Велика Британија, чија главна тема беше „ангажман на партнери во обезбедувањето на безбедносните аранжмани на Украина по завршувањето на воените дејствија“.
Учесниците на состанокот разговараа за безбедносните гаранции за Украина и идната архитектура на мирот во Европа, подготовката и состојбата на оперативното планирање со цел брзо спроведување на плановите, во случај на прекин на непријателствата, гарантирање стабилност, спречување на нова агресија и создавање предуслови за државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Има напредок во преговорите за распоредување…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…
Бројот на загинатите во рускиот напад на…
Бројот на загинати во рускиот балистички напад…
Русинка осудена затоа што го охрабрувала сопругот…
Русинката која беше снимена како го убедува…
Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…
Адмирал на НАТО за Украина: Лошиот мир…
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал…