Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да ја продолжи војната
Русија бара каков било изговор за да избегне преговори и да ја продолжи војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека Москва во моментов не покажува никаква подготвеност да ги запре непријателствата.
„Рускиот претседател Владимир Путин постојано наоѓа изговори за да избегне состаноци, да го отфрли трилатералниот формат и да продолжи со убивањето. Вака е со години и сите наши партнери го гледаат тоа. Тој постојано наоѓа изговори за војна“, рече Зеленски, според украинскиот портал РБК.
Зеленски рече дека за време на неодамнешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, добил впечаток дека Вашингтон ја гледа ситуацијата на сличен начин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…