Инвеститорите во грч, се подготвуваат и за најлошото сценарио од ситуацијата на Блискиот исток

t

Странските компании во земјава се подготвуваат и за најлошото можно сценарио од воениот конфликт. Очекуваат состојбата таму да им ги зголеми трошоците не само за енергенси, туку и за другите суровини кои ги користат во работата и производството. Пред извесно време од Советот на инвестиции пресметаа дека контејнерскиот транспорт поскапел за над 60 отсто. Претставниците на инвеститорите во земјава велат дека секакви сценарија се во игра, но уверуваат дека активно се подготвуваат дури и за најнеповолниот развој на ситуацијата.

Има најразлични сценарија, не би можел да ви кажам конкретни бројки но во секој случај ги прилагодување плановите и начинот на производство за да може да одговориме и на најлошите сценарија, изјави Боријан Борозанов од Џонсон Мети

Иако, состојбата е сериозна за сега не се соочуваат со проблеми во снабдувањето на потребните суровини и материјали.

Во овој момент не, ако ја анализирате целата криза околу Иран, повеќе повеќе во овој момент е прекинот на синџирите на добавување се сконцентрирани во Азија, индиректни се последиците за европскиот регион. И во овој момент нема нешто што може да ескалира рапидно. Во овој момент е неблагодарно да се каже било каква прогноза цел свет е во некакви исчекување ситуацијата е доста во овој момент не гледам промена на бизнис планови, додава Борозанов

Плановите за работа кои ги направиле барем во моментов нема потреба да ги менуваат. Неодамна пак и од Советот на инвестиции посочија дека за сега нема намалени нарачки од странство, но дека забележуваат намален обем на испорака на материјалите кои им се потребни за работа. Како и сите глобални фирми така и оние кои работаа тука се во грч од она што ќе се случува но велат ситуацијата се следи на дневно ниво. Во Европа пак каде најчесто извезуваат инвеститорите кои работата во земјава, компаниите најавуваат намалување на производните единици но и бројот на вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвеститорите во грч, се подготвуваат и за…

Странските компании во земјава се подготвуваат и…

Европратениците ја критикуваат Фон дер Лајен –…

Претставниците во Европскиот парламент, Руди Кенес и…

Голем успех на Македонија во Москва: Бронзен…

Ученикот од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, Даниел…

Техничката влада оди во “историјата”

Заминува ли техничката влада во историјата? Предлог…

ГЕРМАНИЈА ВО ПАНИКА: Русија го прекинува протокот…

Енергетскиот пазар во Европа е пред нов…