Интуицијата му кажува на Гаши дека нема да има предвремени избори

t

Претседателот на Собрание, Африм Гаши смета дека нема да има предвремени избори, иако на денешната коррдинација со пратеничките групи било разговарано за носење на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда што Македонија треба да ја исполни во делот на евроинтегративниот процес.

-Според мене, не треба да има избори и убеден сум дека нема да има предвремени избори. Тоа е моја политичка интуиција, изјави Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Тој додаде дека на координацијата Левица побарала да се откочи носењето на Изборниот Закон, и според него работната група постои и добро е што ова прашање се отвора за да се откочи работата на Собранието.

-Добро е што се отвора како тема, треба да се направат напори да се донесе законот, рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…