Објавено на:

Иранскиот претседател: 14 милиони Иранци се подготвени да ја бранат земјата

t

Четиринаесет милиони Иранци се подготвени да ја бранат земјата, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

„Повеќе од 14 милиони храбри Иранци изразија подготвеност да ги дадат своите животи за да го одбранат Иран во овој момент. Јас исто така се жртвував, се жртвувам и ќе се жртвувам“, напиша Пезешкијан на мрежата X.

Кампања за регрутирање волонтери беше започната порано во Иран како одговор на најавата за копнена операција на САД.

Претходно Иран соопшти дека ќе наплаќа за секој брод кој ќе помине преку Ормутскиот теснец.

Трамп повторно се закани дека ќе ја бомбардира државата до камено доба доколку не ги прифатат условите кои ги предлага САД, а рокот за прифаќање истекува за неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот претседател: 14 милиони Иранци се подготвени…

Четиринаесет милиони Иранци се подготвени да ја…

(Видео) Трамп: Би им ја земал нафтата,…

Би ја земале иранската нафта ако тоа…

Трамп повтори: Ќе го бомбардирам Иран до…

Рокот на Трамп за Иран да се…

Иран бара надомест од 2 милиони долари…

Иран презентираше предлог од 10 точки за…

Ројтерс: САД и Иран добија мировен предлог…

Соединетите Американски Држави и Иран добија рамка…