Ислам Абази нема повторно да се кандидира за шеф на ОЈО ГОКК

t

На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, вели дека не размислува за повторна кандидатура.

„После години раководна функција сметам дека треба човек да каже – доволно е, и да отстапи простор на другите обвинители. Се враќам во Вишото јавно обвинителство во Гостивар“кажа Абази на денешниот брифинг со новинарите.

На 28 октомври годинава јавните обвинители од сите обвинителства во државава на непосредни избори ќе гласаат за нов шеф на ОЈО ГОКК. Актуелниот Закон за јавното обвинителство предвидува можност за реизбор, а новиот предлог-закон, кој е заглавен во Собранието, предвидува шестгодишен мандат за шефот на ОЈО ГОКК без право на повторен избор.

Изборот на Ислам Абази во 2022 година го следеа контроверзии особено откако се појавија негови фотографии со првенци на ДУИ и со братот на Али Ахмети. Од Амбасадата на САД тогаш соопштија дека се збунети со изборот на Абази, особено по милиони долари потрошени во обуки и градење капацитети на правосудството во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…