Живеат во страв за својот живот, маж константно малтретира цело семејство – Институциите не рагираат, во Бардовци немало место
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил, во видео порака бара институциите на системот да ѝ помогнат да биде хоспитализиран нејзиниот татко кој има дијагноза дека е алкохоличар. Тој вчера бил пријавен во полиција затоа што на мајката на девојката и негова сопруга, ѝ се заканил дека ќе ја убие, но таа имала тавче со врело масло од пржење јајца како штит и така се одбранила.
Потоа бил пријавен во полиција, од каде бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница каде и сега се наоѓа. Но, од оваа болница на семејството му кажале дека утре ќе го пуштат дома, дека најмногу можат да го хоспитализираат 48 часа, а кога се јавиле во Бардовци, од таму им кажале дека нема место бидејќи се реновира оддел.
Девојката во евоето обраќање вели дека институциите не постапуваат, а од прихијатриската болница во Бардовци им рекле дека нема место.
Од МВР за Инфомакс велат дена се постапува по пријавата, но не откриваат колку пати истото лице е пријавувано, кога и за што.
– Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи за расчистување на истиот. По консултација со Основно јавно обвинителство и други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово, велат од МВР за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…