Камион излета и се преврте на обиколницата кај Скопје, две лица со повреди во болница

t

Товарно возило излетало од патот и се превртело во канал на скопската обиколница, при што се повредени возачот и сопатникот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена утринава околу 06:20 часот во СВР Скопје, а се случила на еден километар пред клучка Приштина. Според информациите, станува збор за товарно возило „мерцедес“ со приколка со косовски национални ознаки.

По несреќата, повредените биле пренесени со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им е укажана медицинска помош.

Надлежните работат на утврдување на причините за сообраќајната незгода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНА експлозија: Разнесен камион на Кримскиот…

Камион е разнесен на мостот на Крим,…

(Фото) Камион ја „сефтоса“ новата патарина на…

Се преврте камион на патарината кај светниколското…

Камион пpeгази дете во Чаир

Сообраќајна несреќа се случила денес на булеварот…

(Видео) Се преврте камион со стотици мајмуни,…

Жена која застана да помогне откако камион…

Поради превртен камиот во прекин патниот правец…

Поради превртено возило, денеска од 16:00 часот…