Објавено на:

(Видео) Се преврте камион со стотици мајмуни, се стравува од нова инфекција, една жена веќе пројавила симптоми

t

Жена која застана да помогне откако камион со 100 лабораториски мајмуни се преврте во Пенсилванија, стравува дека е заболена откако еден од мајмуните ѝ дувнал во лице, по што и се јавило црвенило во очите пишува Dailymail

Мишел Фалон, возела позади возило кое се превртело и од него испаѓале кафези за животни по целиот автопат а се искршиле при падот. Три од мајмуните побегнале, но набргу биле фатени и еутанизирани. Сите мајмуни биле на број.

Фалон добила вакцина против беснило,а на фејсбук ги објавила симптомите кои и се појавиле, а вклучувале симптоми на розово око односно воспаление или инфекција на окото

Таа рече: „Бев блиску до мајмуните, ги допирав кафезите, шетав низ нивните измет, па бев многу блиску. Затоа, се јавив (телефонска линија за помош) да се распрашам, знаете, дали бев изложена на нешто?

„Бидејќи мајмунот ми дуваше во лицето и имаше измет наоколу, а јас имав отворена исеченица, тие само сакаат да бидат претпазливи“.

Фалон рече дека излегла да им помогне и на возачот и на животните во нивните кафези, првично мислејќи дека се мачки. Кога се приближила и ја ставила раката на кафезот, таа вели дека мајмунот и дувнал во лицето

Ден по несреќата, Фалон одеднаш добила кашлица и розево око, што станало толку лошо што таа морала да го посети Медицинскиот центар Гајзингер во Данвил.

Лекарите за заразни болести и ја даде првата од четирите инјекции против беснило заедно со некои антивирусни лекови.

Таа на Фејсбук рече дека ги следи симптомите на беснило и вирусот херпес.

„Разговарав со полицијата и една жена од ЦДЦ, добив писмо дека имам многу низок ризик, не знам уште што. Но, моите симптоми се симптоми на Ковид.

На Фалон и беше кажано внимателно да го следи своето здравје следниот месец во случај да развие некоја заразна болест како резултат на тоа што е толку блиску до нив.

Мајмуните биле на пат кон лабораторија во Флорида кога камионот удрил во камион за ѓубре.

Фалон рече дека разговарала со возачот на пикапот и еден патник директно по несреќата.

Изгледа дека возачот е дезориентиран, а патникот мислел дека можеби си ги повредил нозете, рече таа.

Полицијата апелираше, доколку локалното население забележи некој м-од мајмуните, да не се обидуваат да се приближат и да го фатат.

Пратката со мајмуни беше на пат кон карантин одобрен од ЦДЦ, откако пристигнаа во петокот наутро на аеродромот Кенеди во Њујорк од Маурициус, соопшти агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНА експлозија: Разнесен камион на Кримскиот…

Камион е разнесен на мостот на Крим,…

(Фото) Камион ја „сефтоса“ новата патарина на…

Се преврте камион на патарината кај светниколското…

За да ги чипира луѓето, Маск пробувал…

Компанијата „Неуралинк“ на светскиот милијардер Илон Маск,…

Камион пpeгази дете во Чаир

Сообраќајна несреќа се случила денес на булеварот…

(Видео) Се преврте камион со стотици мајмуни,…

Жена која застана да помогне откако камион…