Клиентите на Алта банка Србија можат да закажат исплата на осигурените депозити – почнува исплатата

t

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на Алта банка, која е во стечај, можат онлајн да закажат термин за исплата на осигурените депозити. Исплатата започнува утре.

Термините се закажуваат преку официјалната веб-страница на Банка Поштанска штедилница: www.posted.co.rs.

Средствата за исплата ги обезбедила Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, додека Банка Поштанска штедионица ја спроведува исплатата во име и за сметка на Агенцијата.

На клиентите им се достапни 57 исплатни места низ Србија, меѓу кои и специјализирана експозитура во седиштето на банката, на улицата Кралица Марија бр. 3 во Белград.

Од банката апелираат клиентите да закажат термин пред да дојдат и однапред да ја подготват потребната документација, со цел да се намали времето на чекање.

Покрај важечки документ за лична идентификација, потребно е да ја понесат и оригиналната исправа со која се докажува побарувањето по сметката или депозитот во Алта банка, како и дополнителната документација предвидена за соодветната категорија депоненти.

Клиентите што сакаат средствата да ги префрлат на сметка во друга банка во Србија треба однапред да ги подготват точните податоци за сметката. Доколку станува збор за пренос во евра, потребни се и целосните инструкции од банката-примател за девизниот прилив.

Списокот на исплатни места, нивното работно време и деталите за потребната документација се достапни на веб-страницата на Банка Поштанска штедилница.

Од банката посочуваат дека навременото закажување и подготвената документација ќе овозможат побрза обработка на барањата и ќе ја намалат потребата клиентите повторно да доаѓаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…